Божица на подивените мачки
Автор:
Александра Димитрова
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
Божица на подивените мачки |
Бр. на страни:
73 |
Димензии:
120х170
|
Корица:
/
Во лирските текстови од оваа збирка не може да не се забележи силниот сензибилитет на жената. Женската природа и нејзината интуиција, како и спонтаната исповедност ја наоѓаат својата најуверлива изразност зад вратите на реалното. Лирскиот субјект честопати ги понесува своите сензации и доживувања во димензиите на фантазијата, на сонот, на трансот, барајќи ја во омаеноста можноста за среќа. Љубовната лирика во оваа стихозбирка е сетилно обликувана, бидејќи чувството не е претставено само како метафизички копнеж. Тоа е блиц сеќавање кое се прима со посредство на сите сетила. Еднаш доживеаното чувство се излева во збор, чин во кој подеднакво учествува секоја пора на лирскиот субјект, иако вибрацијата е примарно церебрална. Оттука, во една песна може да се пронајде чудесен мозаик од бои, мириси, констатации, а песната лесно преминува во секундарно реално доживување на лирскиот субјект, честопати прескокнувајќи во сферите на еротската виртуелност. Еротиката е миг на сеќавање, ментално преживување на некогаш слученото. Несекојдневна, но провокативна, поезијата на Димитрова мора и смее да се доживее само како уметност, која по дефиниција е фикција. Секако дека рабовите на поетскиот опус и животот на авторот се допираат, но факт е дека овие две нешта се омеѓени. И. Антески
Оценки
Сѐ уште нема оценки.