Бугарски народни приказни

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Български народни приказки | Бр. на страни: 184 | Димензии: 200 | Корица: /

Книгата содржи 32 народни приказни, избрани од богатиот опус обработени приказни на Ангел Каралијчев, кој во бугарската литература е познат како голем мајстор на авторизирани приказни, легенди и сказни за деца. Во неговите приказни централно место зазема карактерно-етичката проблематика, при што доминира доброто како смисла и како цел на човековиот живот. Познат е како слаткоречив, суптилен и луциден раскажувач за кого светот на детето е и останува најголемиот простор за творештвото. Тој е живописецот на бугарската литература, а лирско-експресивниот слог, сликовитиот јазик и психолошкиот мотив на дејството, на постапките и на доживувањата го издигнуваат во најдобар раскажувач во бугарската литература за деца. Неговите книги се преобјавувани во големи тиражи во Бугарија, но и се преведувани на други јазици. Доминантен мотив во изборот на приказните на ова издание на македонски јазик е народната мудрост.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Бугарски народни приказни

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-53-1

Questions and Answers

You are not logged in