Бувот Оли
Автор:
Маја Мишевска
Издавач:
Либи |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Бувот Оли |
Бр. на страни:
21 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Веројатно не постои дете кое некогаш не се плашело од темнината. Темнината во детството е симбол на страшни појави, на чудовишта и натприродни суштества. Па, оттаму и стравот дека ноќта ги носи сите нив во детската соба. Затоа децата сакаат да спијат со вклучени светилки или, пак, не заспиваат без присуство на родителите. Каква неправда трпи ноќта, која е дом на многу совршени животни, како што е бувот. Инаку, тој воопшто не е опасен за луѓето, туку е многу корисен. И бездруго, ноќта не е страшна. Напротив, таа е тивка и спокојна и носи мир.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.