Дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид
Автор:
Виктор Трајановски
Издавач:
Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид |
Бр. на страни:
207 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Дервишкиот ред халвети-хајати е еден од многуте тарикати кои го сочинуваат големото исламско семејство познато под името суфизам или тасавуф. Припадниците на овој дервишки ред без какви било отстапувања го исполнуваат сето она што е припишано од шеријатот, но тоа, по нивно мислење, е сосема недоволно и поради тоа ги надополнуваат верските обврски со заеднички молитви кои ги вршат во теќето, наречени зикр. Книгата со наслов „Дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид“ претставува прв монографски труд од оваа област, во овој обем. Истражувајќи го дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид, како дел од најзастапените дервишки редови во Република Македонија, авторот преку темелно етнолошко и антрополошко теренско истражување, користејќи соодветна, релевантна литература во историски контекст, успеал од стручен и научен аспект, да го претстави постоењето, филозофијата, учењето и функционирањето на овој ред во Охрид. Според понудените содржини, даден е историскиот развиток на дервишките редови на Балканот и во Македонија, со посебен акцент на појавата и распространувањето на халветите во Македонија, а потоа и на халветите – хајати во Охрид. Изнесени се најважните суштински карактеристики на тесавуфот и доктрината на халветите, нивната филозофија, вера и практика. Исто така, се изнесени богати етнографски податоци за современата состојба на овој подогранок во Охрид, доктрината на редот анализирана според основните верски ставови, основните културолошки белези, со цел да се претстави суштината за егзистирањето и функционирањето на овој дервишки ред. Покрај презентираната верска обредност, во ова дело разгледани се и влијанијата на суфискиот воспитно-образовен процес во проучуваниот дервишки ред, како и улогата на жената во дервишкиот ред халвети-хајати.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.