Детска стоматологија
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Детска стоматологија |
Бр. на страни:
488 |
Димензии:
29
|
Корица:
тврда
Книгата што ја имате пред себе е првиот сеопфатен учебник по детска стоматологија кај нас. Таа е сублимат на долгогодишна работа и искуство во работа со децата во стоматолошка ординација, но и пресек на најсвежите сознанија во научната мисла од оваа област.
Ракописот е систематизиран во 37 поглавја, кои се приказ на клучните проблематики со кои се занимава детската стоматологија, почнувајќи од растот и развојот на орофацијалната регија и одонтогенезата; приемот, прегледот и контролата на болката кај педијатрискиот пациент во стоматолошката ординација; преку неправилностите во развитокот на забите, денталниот кариес и заболувањата на пулпата и пародонталните ткива кај млечните, младите трајни и трајните заби и нивна терапија. Разработени се современите материјали што се користат во детската стоматологија, со посебен осврт на естетиката во детска возраст и употребата на ласерите во детската стоматологија.
Посебно се опишани заболувањата на меките ткива во оралната празнина кај децата, оралните манифестации на инфективни и системски заболувања. Значајно место е посветено на повредите на забите кај деца (фрактурите и повредите на потпорните ткива) и нивните компликации. Даден е осврт на орално-хируршката проблематика кај деца, како и дентогените инфекции, примената на антибиотици, туморите и цистите, но и ургентните состојби. На крајот, даден е преглед на можностите за изработка на протетски надоместоци во млечната и трајната дентиција и опциите за користење на интерцептивната ортодонција.
Оваа книга е наменета, пред сè, за студентите на додипломски студии за доктори по дентална медицина, но и стручните стоматолошки сестри и техничари, студентите на втор и трет циклус на постдипломски студии, специјализантите и специјалистите по детска и превентивна стоматологија и останатите специјалности, како и за сите колеги кои сакаат да ги дополнат и освежат знаењата од областа на детската стоматологија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.