Доба на кожата
Автор:
Дубравка Угрешиќ
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Doba kože |
Бр. на страни:
250 |
Димензии:
13×20
|
Корица:
мека
Книжевноста, политиката, културата на секојдневјето и сопствените сеќавања и искуства совршено се испреплетуваат во есеите на Дубравка Угрешиќ. Може ли кожата да послужи како уметничко дело, што се случува со доселениците на Запад, каква е улогата на уметноста и на книжевноста и како тоа темата за чистиот хрватски воздух секогаш е актуелна?
Во овие шеснаесет есеи Дубравка Угрешиќ со горчлив хумор и многу културолошки референции, секогаш покажувајќи ги сите лица на најопасното животно на светот – човекот – се обидува да го сфати денешниот свет и ги преиспитува своите и нашите соништа, среќата и стравовите. Ставот на Евгениј Замјатин дека вистинска книжевност можат да напишат само ретки – „лудаци, пустинци, еретици, сонувачи, бунтовници и скептици“ – го усвоила и Угрешиќ. „Доба на кожата“ нè тера и самите да зачекориме на почвата по која одат ретките.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.