Документи
Автор:
Павел Шатев
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Документи |
Бр. на страни:
292 |
Димензии:
240х170
|
Корица:
мека
Осмиот том „Документи“ претставува зборник со досега необјавени документи и материјали за Павел Шатев. Зборникот претставува прв досега објавен зборник на документи низ кој се открива животот и револуционерниот пат на овој истакнат револуционерен деец, на неговите идејни и политичко-програмски погледи и залагања во однос на слободата, државноста и националноста на Македонија и на македонскиот народ. Всушност, Зборникот претставува расветлување и дополнување на севкупната револуционерна дејност на Шатев. Преку презентираните документи во Зборникот читателите ќе се запознаат со нови, досега непознати активности за дејствувањето на Шатев во ВМРО (Обединета) и во антифашистичкото движење во Бугарија пред Втората светска војна, а, пред сè, за неговата борба за извојување на посебна македонска самостојна и независна држава. Во овие документи Шатев е претставен како македонски револуционерен деец со континуирано дејствување како македонски национален патриот со изразена промакедонска активност. Документите ја опфаќаат неговата револуционерна дејност во временски период од 47 години, од 1901 до 1948 година, односно од пред Илинденското востание до АСНОМ. Низ документите се осознава вистинската личност на Шатев како предан револуционер и деец на национално-револуционерното движење на македонскиот народ, како раководител на ВМРО (Обединета) и како истакнат македонски државник, член на највисокиот македонски политички орган – АСНОМ. Поради неговата активна и континуирана промакедонска револуционерна дејност, тој во периодот 1931 до 1944 година беше постојано следен, апсен и затворан од бугарската полиција во Софија и осудуван од бугарската власт. Зборникот содржи 153 документи. Се состои од два дела. Првиот дел ги содржи документите што се однесуваат на револуционерната дејност на Павел Шатев од 1901, како учител во с. Лесново, Злетовско, преку активностите во редовите на македонската емиграција во Бугарија по Првата светска војна и во ВМРО (Обединета), до неговото апсење и интернирање како македонски политичар и државник во 1948 година. Во вториот дел на Зборникот се содржани документите што произлегуваат од полициското досие на Павел Шатев, водено од Одделението за безбедност при Министерството за внатрешни работи на Бугарија, од 1928 до 1944 година. Тоа се записници од претресите, распитите и сослушувањата на Шатев, извештаи од неговите следења, писма, известувања, извештаи и белешки за неговата револуционерна дејност, судски решенија, изјави и молби од Шатев и неговата сопруга Вера Шатева, затворско досие и др.
Questions and Answers
You are not logged in