Достава до дома

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Достава до дома | Бр. на страни: 68 | Димензии: 21 | Корица: /

Преку книгата „Достава до дома“ од Сигурбјорг Прастардотир македонската литературна јавност за првпат ја има можноста да се запознае со современата исландска поезија. Книгата на Прастардотир содржи песни со изнијансиран јазик, со луцидно размислување и раскошна имагинација, култивирана во најдобра смисла на зборот, песни со извонредна прецизност... За македонскиот читател отвора нови возбудливи простори, нè соочува со светот на природата (од север) во која го наоѓа искуството на модерниот промислен поетски говор за елементите по прашањето на моменталната егзистенција: од молк до гнев, од кризата на комуникациите до апсурдот на урбаната самотија. Деталите на камерниот свет што обилува во овие стихови се глас на секојдневието, глас што зборува за стварноста и ја открива универзалната драма на модерниот човек. Книгата е исполнета со силни, впечатливи слики, што можат да се следат со извесна наративност, но и звучната димензија го збогатува страсното кажување како исповед на секојдневието и длабоко проживеаното искуство. Книга што воодушевува! Славе Ѓорѓо Димоски Што може да се направи со зборот и со искуството? Ни помалку ни повеќе – револуција. Не каква било, туку револуција од: страсти, сеќавања, патувања, патења, преточена во поезија. И тоа не каква било: и искуствена и експериментална, и лирска и раскажувачка. Сигурбјорг Прастардотир ви ја доставува до дома. И тоа не како било, туку на точак. Повелете! Лилјана Пандева

Цена: 290 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product Достава до дома

Категорија:
ИСБН: 978-608-265-021-0

Questions and Answers

You are not logged in