Духовниот живот
Автор:
Шри Чинмој
Издавач:
Шри Чинмој Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
The Spiritual Life |
Бр. на страни:
108 |
Димензии:
135mm x 210mm
|
Корица:
/
Гласот на Тишината не треба и нема да ни го даде секогаш истото нешто. Како што се развиваме, ни дава подобра, повисока и поисполнувачка светлина. Секое човечко суштество си има сопствен Бог. Слобода, апсолутна слобода, мора да ѝ биде дадена на секоја поединечна душа за да го открие својот сопствен пат. Треба да направиме две нешта - треба да го изучуваме животот најпосветено и да го живееме животот најбожествено. Целта на животот е да се реализира Бог. Реализацијата никогаш нема да дојде кај поединец кој е неактивен. Треба да се стремиме кон Реализацијата. Треба да ја платиме цената за тоа. Нема друга опција. Нашиот живот има две реалности - егзотерична и езотерична. Егзотеричната реалност се занимава со надворешниот живот. Надворешната реалност се обидува да се исполни себе со хранење на желбите и стимулирање на страстите. Езотеричната, или внатрешна реалност, наоѓа исполнување во контрола на страстите и освојување на желбите, во пливање во пространото море на Ослободувањето. Има два животи - внатрешен и надворешен. Надворешниот живот зборува за своите принципи и потоа се обидува да дејствува. Внатрешниот живот не зборува. Дејствува. Неговото спонтано дело е свесна манифестација на Бог. Светот е тажен. Ние сме одговорни за тоа. Нашите чувства на себеинтерес и себеважност се целосно одговорни за тоа. Поединечната свест мора да се проширува. На човекот му треба инспирација. На човекот му треба дејствување. На духовноста ѝ треба човекот. Духовноста го има внатрешното око што ја поврзува секоја состојба на животот со внатрешната сигурност. Да го прифатиме внатрешниот живот, духовниот живот. Духовниот живот не е кревет од рози; ниту кревет од трње. Тој е кревет од реалност и неизбежност. Духовен човек е оној кој ги слуша диктатите на неговата душа и кој стравот не може да го измачува. Мислењата на светот се преслаби за да го измачуваат неговиот ум и срце. Оваа вистина тој ја знае, чувствува и олицетворува. - Шри Чинмој
Оценки
Сѐ уште нема оценки.