Естетика
Автор:
Јуриј Б. Борев
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
Эстетика |
Бр. на страни:
572 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Рускиот научник академик Јуриј Борев е водечки руски естетичар и еден од најавторитетните и најпознатите естетичари во светот. Неговото најпознато дело е „Естетика“. Неговото најново издание се смета за најопфатното дело од овој вид во овој момент во светската естетичка литература, односно според својот обем и комплексноста се смета за капитално дело од рангот на енциклопедиските публикации.„Естетика“ е објавена на петнаесетина јазици и има уште десет руски изданија, со вкупен тираж повеќе од еден милион примероци. Во Русија и на некои универзитети во Франција и во Кина се употребува како учебник.Во оваа обемна книга се опфатени историјата и теоријата на естетското и уметничкото творештво од неговите почетоци до денес. Таа е комплексна историја на уметноста, „сеопфатна теорија и историја на естетичката мисла, методолошки беспрекорно заснована и подеднакво сосредоточена на класичниот и модерниот период на таа мисла. Во денешно време, кога уметноста е во криза, па на тој начин и теоријата на творештвото во целина, оваа книга е драгоцена, максимално јасна и објективна, сложена научна студија, најсигурен критериум за проценување на естетските и уметничките вредности“ (проф. д-р Милослав Шутиќ, Белград).„Естетика“ претставува современо системско излагање на основните проблеми на дадената дисциплина, настанато врз основа на воопштувањата на искуствата на светската уметничка култура, а посебно на воопштувањата на искуствата на уметничката култура на 20 век. Авторот ги сумира теоретските резултати на 20 век и ги анализира најзначајните книжевни и уметнички дела на тој век. Врз основа на тој материјал се разгледуваат филозофските прашања на природата, суштината, потеклото и историјата на развојот на културата, категоријата естетика (убаво, возвишено, трагично, комично, грдо, приземно, ужасно и др.), се истражуваат нови проблеми: херменевтиката како теорија на поимањето на уметноста, рецептивната естетика, реториката и поетиката на уметничкото дело. Авторот ги претставува принципиелно новите методологии за анализа на уметничкото дело и за анализа на уметничкиот процес.
Questions and Answers
You are not logged in