ЕУтопија: Надворешно – политичката моќ на Европската унија во идееологизацијата на пост – американскиот светски поредок

Издавач: Графопром - Битола | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: ЕУтопија: Надворешно – политичката моќ на Европската унија во идееологизацијата на пост – американскиот светски поредок | Бр. на страни: 352 | Димензии: 20 | Корица: /

Оваа книга го третира дискурсот на надворешно - политичката моќ на Европската унија во процесот на идееологизација на пост - американскиот светски поредок. Како поредок, кој започнува да се генерира преку редукцијата на надворешно – политичката моќ на САД и интензивирањето на надворешно – политичката моќ на останатите глобални субјекти, меѓу кои и Европската унија. Книгата е поделена на пет тематски единици, во кои подетално се истражуваат и анализираат конкретните теоретски и праксеолошки сегменти, битни за елаборирањето и расветлувањето на предметната проблематика.
Во првиот дел, се дискутира за идеологијата како поим и нејзините составни елементи, со посебен осврт кон идееологизацијата како феномен. Исто така, во рамки на тоа, се дискутира и за идеолошката рамка на ЕУ, пост – историјата, повторното раѓање на историјата, европската креативност, како и дивергенциите и иницијативата за конвергенција на светогледните перспективи на САД и ЕУ.
Вториот дел, расправа за надворешно – политичката моќ на ЕУ, односно дефинирањето на нејзините параметри, концептуализации, генеза на европската надворешна политика, дифузијата на нормите, како и анатомијата на европската надворешно – политичка моќ, секако низ призмата на презентираните концептуализации. Потоа, во третиот дел станува збор за поимот и парадигмата на новиот светски поредок, онтолошката дивергенција на ЕУ во однос на поимот на државата, како и состојбата и белезите на пост – американскиот свет.
Додека, четвртиот дел претставува една ерудитска анализа, на сето она што го подразбира предметниот наслов, и тоа преку конкретна анализа на мултилатералистичката метода на ЕУ и нејзината нормативна призма, како и анализа на нејзиниот дејствителен капацитет во однос на глобалното милје и конкретните меѓународни субјекти: САД, Кина и Русија. Што се однесува до последниот или петтиот дел, во него се истражуваат димензиите и форматот на новиот светски поредок, како и идеолошката детерминација на Унијата, во остварувањето на преференцијалниот формат на новиот светски поредок и неговите теоретски манифестации. Во рамките на тоа, важно е да се потенцира на апсолутната променливост и флексибилност на меѓународните односи во XXI век, организационите атрибути на актуелниот светски поредок и новиот светски поредок и секако преферентните тенденции на ЕУ во проектирањето на пост – американскиот поредок согласно нејзиниот светоглед.
Имено, оваа книга претставува обид за научно и теоретско промислување на современите глобално – политички процеси, пропратени со циклични промени и комплексни констелации и коњуктури во меѓународните односи, секако аспектирани низ призмата на моќта, нејзините видови и артикулации во релација со алтернативните визури на пост – американскиот поредок.

Цена: 680 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product ЕУтопија: Надворешно – политичката моќ на Европската унија во идееологизацијата на пост – американскиот светски поредок

Категорија:
ИСБН: 978-608-4522-15-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “ЕУтопија: Надворешно – политичката моќ на Европската унија во идееологизацијата на пост – американскиот светски поредок”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in