Функционална анатомија на рбетниците
Карел Ф.Лием доаѓа од Музејот за компаративна зоологија при Универзитетот „Харвард“, Вилијам Е.Бемис од Универзитетот во Масачусетс, Ворен Ф. Вокер е од колеџот „Оберлин“, а Ленс Гранд доаѓа од Музејот за природни науки од Чикаго. Авторите го посветиле ова издание на едно од најинтригантните полиња во биологијата – компаративната анатомија. Таа ги опфаќа традиционалната дескриптивна анатомија, ембриологијата, физиологијата, палеонтологијата, однесувањето на ’рбетниците и екосистемите. Така доаѓа до испреплетување на формата, функцијата и на животната средина и до создавање една кохерентна таписерија.
Една од основните карактеристики на оваа книга е разгледувањето на структурите и на функциите од филогенетски аспект. Содржината е организирана во пет дела: Основа за проучување на анатомијата на ’рбетниците, заштита, поддршка и движење на телото, интеграција, метаболизам и размножување и заклучоци од анализите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Функционална анатомија на рбетниците
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –