Големата црвена книга 2

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The big red book | Бр. на страни: 261 | Димензии: 21 см | Корица: /

Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенство, е автор на возвишени стихови кои ги опеваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите од нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, тука се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои достигнуваат нови длабочини и ни откриваат несетени димензии. Зашто добрата поезија не познава граници и временски ограничувања. Овие страници се полни со гроздови зрела духовна и контемплативна поезија, кои нудат допир со божественоста откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои ги отвораат срцето и душата за сеопшта љубов која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои. Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по нејзиното создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.

Цена: 350 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Големата црвена книга 2

Категорија:
ИСБН: 978-608-4892-32-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Големата црвена книга 2”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in