Господине, имаме нешто за Вас
...Поетската збирка на словенечката поетеса Станка Храстељ уште на почетокот го буди вниманието со својот наслов. Господине, имаме нешто за Вас, на прв поглед во манирот на потрошувачката комуникација, засекува во срцевината на понудениот „материјал“. Целата игра може навистина да се сфати како добар маркетиншки потег на авторката и/или уредникот, кои потенцијалните купувачи ги убедуваат да купат некомерцијална стока, како што е поезијата. Колку што е смешно, толку и не е наивно, бидејќи во оваа збирка, овде сме непосредно „на местото на злосторството“, ќе најдеме општествено критички тонови, завиткани во префинета иронија, па дури и сарказам, и тонови, што, кон професијата поет и кон поетолошките прашања се осврнуваат со хумористична, но често трагична дистанца....
(од освртот на Тања Петрич)
Questions and Answers
You are not logged in