Градење на организациска меморија: Дали ќе го знаеш она што го знаеше

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Building organizational memories: Will you know what you knew | Бр. на страни: 348 | Димензии: 207x295 | Корица: /

Уредникот на оваа книга Џон П.Жерард е вонреден професор по менаџмент на државниот Универзитет „Мино“ во САД. Неговите истражувачки активности се насочени кон меѓусебната поврзаност на анксиозноста, организациското губење меморија и на современите теории за управување со знаењето. Добитник е на неколку награди и признанија во областа на управување со знаењето, медиумите, трансформациите и на иновациите.
Ова уникатно дело се фокусира на тоа што треба да прават сега лидерите (или наскоро) за да се обезбеди наредната генерација лидери да го знае она што тие го знаат сега. Пораката е јасна. Организациите мора да развијат стратегија за одржување на интелектуалниот капитал кој ги прави да бидат уникатни. Секако дека не може да се долови целото нивно непишано и експлицитно знаење, но можеби тоа и не е потребно. Доволно е организациските лидери да воспостават алатки и техники за одржување и за пренесување на знаењето кон идните генерации. Тоа се постигнува со организациска меморија која претставува корпус на минато, сегашно и идно знаење кое е потребно за постигнување на стратешките цели од организацијата. За нејзино истражување и проучување е потребно вклучување експерти од повеќе области како што се човечките ресурси, информациските системи, сметководство, финансии, маркетинг итн. Ова поле на организациска меморија забрзано прерасна во своевидна свест на корпорацискиот свет и тоа многу побргу отколку кој било друг феномен што го среќаваме во економијата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1750 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Градење на организациска меморија: Дали ќе го знаеш она што го знаеше

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-060-7

1 оценка за Градење на организациска меморија: Дали ќе го знаеш она што го знаеше

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in