Граѓанско право, Том 1
Жан Карбоние (1908 – 2003), професор на Правниот факултет при Универзитетот во Поатје од 1937 до 1955, потоа на Универзитетот во Париз сè до 1976 година.
Големиот универзитетски човек и докажан професор со плуридисциплинарно знаење, доајенот Карбоние, е исто така уникатен законодавец што го обнови Граѓанскиот законик, поконкретно, семејното право во 1960 – 1970 г., за што сведочи оваа книга. Неговите ракописи не се ограничуваат строго на правната материја, туку отвораат оригинални теоретски, социолошки и филозофски перспективи.
„Корисно е да се вреднува еден вовед во конкретното проучување на граѓанското право, дополнително, како вовед во општото проучување на правото. Токму во традиционалната намена на граѓанското право е да им понуди модели на другите правни дисциплини. Не е неопходно да има позначителен делокруг на примена, каков што имаше пред еден век, а кој денес без сомнение го нема... Но она што останува вистина е тоа дека го претставува највисокиот степен на достигнување или на совршенство.“
Објавувани во 5 тома во рамките на збирката Темида/Тhemis уште од 1955 година, овие прирачници на Граѓанското право „не се слични на ниту еден друг од ваков вид и ја претставуваат материјата од еден друг поглед, воведувајќи го читателот во правото преку мали чекори, како што тоа го прави еден професор за идните генерации студенти“. (Marie – Anne Frison – Roche, L’annee sociologique, т.53, бр.1,2003).
Оценки
Сѐ уште нема оценки.