Граѓанско применето право (Наследно право)
Автор:
Дејан Мицковиќ
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Граѓанско применето право (Наследно право) |
Бр. на страни:
200 |
Димензии:
160x230
|
Корица:
/
Книгата „Граѓанско применето право (Наследно право)“ е наменета пред сè за студентите на Мастер студиите по Граѓанско право. Основната цел на оваа книга е студентите да се запознаат со примената на нормите од наследното право во праксата. Структурата и содржината на книгата се конципирани така за да се реализира предвидената цел. Имено, покрај објаснувањето на основните институти од сферата на наследувањето, во книгата се дадени и голем број на судски одлуки што ќе им овозможи на студентите детално да се запознаат со практичната примена на нормите од наследното право. Покрај ова, дадени се и коментари на позначајните судски одлуки. Во книгата се содржани и голем број примери на обрасци на поднесоци поврзани со наследувањето, решенија, заклучоци, тужби, приговори, тестаменти, договори за отстапување на имот за време на живот и доживотна издршка и други документи што надлежните органи ги издаваат пред и во текот на оставинската постапка. Имајќи ја предвид ваквата содржина, се надеваме дека оваа книга ќе биде корисна и за правниците кои што секојдневно практично се занимаваат со прашања и теми од сферата на наследувањето, а пред сè нотарите, судиите, извршителите и адвокатите. Оваа книга може да биде и корисна за сите граѓани на Република Македонија кои што имаат интерес и потреба од добивање на информации и сознанија за практичната примена и остварувањето на наследните права.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.