Граница

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Граница | Бр. на страни: 256 | Димензии: 21 | Корица: мека

Оваа ведра книга, во исто време, во својата интимна текстура, сведочи и за балканскиот трагизам. Авторот не ни зборува само како албански бегалец, емигрант, екс Југословен, македонски државјанин, туку сведочи и како балкански човек, живеејќи и носејќи ги во себе судбините на толку многу поврзани, мешани, делени, противставувани култури...Едгар Морен Граница е шеснаесеттиот роман од Балканската сага на Луан Старова (Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј, Пресадена земја, Балкански клуч, Патот на јагулите, Тврдина од пепел, Ервехе – книга за една мајка, Во потрага по Елен Лејбовиц, Љубовта на генералот, Амбасади, Нови амбасади, Балканвавилонци, Балкански жртвен јарец и Враќањето на козите). Француската книжевна критика овие романи ги вбројува во редот на големите европски романи. Границата е релативно нова идеја на Балканот. Нараторот во неколку големи поглавја раскажува еден век граница преку доминантните ликови и нивните разгранувања во светот во текот на XX век: Дедото, Бабата, Таткото, Мајката и самиот раскажувач. Со својата нарација, како и со оригиналните фотографии, оваа книга е значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето.

Цена: 300 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Граница


ИСБН: 978-608-230-532-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Граница”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in