Храмот на натписите
Автор:
Петар Стојановски
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Храмот на натписите |
Бр. на страни:
208 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Тлото започнува да се тресе... Консепсион, Чиле, 2010 година.
Во целиот тој хаос на Нивес ù приоѓа жена која ù подава мистериозен предмет со шест симболи и во истиот момент починува. Нивес и нејзиниот брат Сантијаго се обидуваат да ја откријат тајната на предметот, кој ги води во три држави, од урбаните средини на Ванкувер, до длабоките џунгли на Јукатан и Мексико. Трилер-авантура која ќе ве однесе на многу историски места кои кријат таинствени симболи, кодови и изгубени древни градови. Сантијаго и Нивес ќе бидат принудени да затропаат на вратите од универзитетот во Ванкувер, каде што ќе побараат помош од двајца научници, Насим и Марк. Потоа сите заедно тргнуваат на едно необично патување со многу тајни, но и опасности кои ги демнат од сите страни...
По долго пешачење, конечно пристигнав.
„Кој си ти?“, со вперена пушка кон мене ме праша стражарот кој се наоѓаше пред воениот логор.
„Јас сум воин“, му одговорив.
„Каков е тој воин без оружје?“
„Моето оружје е перото, а муниција ми е мастилото, додека, пак, мета ми е празниот лист хартија, ете, таков воин сум... Сакам да ги стрелам луѓето со зборови, не со куршуми.“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.