ID EGO SUM (Македонски историски рефлексии)
Автор:
Зоран Тодоровски
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
ID EGO SUM (Македонски историски рефлексии) |
Бр. на страни:
479 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
мека
Книгата претставува зборник на написи, колумни, ставови, коментари, реагирања, полемики и интервјуа, по одделни историски теми и современи политички состојби, главно, објавени во периодот од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 до 2007 година. Тоа се размислувања и ламентирања за минатите и сегашниве македонски политички состојби во еден мошне сложен и драматичен транзиционен период на македонското политичко и државно осамостојување.„Текстовите во книгава се своевиден одговор на пишувањата, изјавите, на исполитизираните етикетирања и неаргументираните клевети на некои македонски политичари, партиски апартчици и потпароли, новинари и колеги, а особено на дежурните критичари и сезнајковци за македонските историски теми, на нивните бестијални, инквизиторски, оркестрирани и исконструирани етикетирања, измислици и нарачани пишувања“ – пишува д-р Зоран Тодоровски во предговорот на книгата.
Questions and Answers
You are not logged in