Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future | Бр. на страни: 384 | Димензии: 14х20 | Корица: /

За едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да го привлече вниманието не само во технолошката индустрија туку генерално на целиот свет. Со докажана натпросечна интелигенција, човекот што стои зад „Тесла“ и „Спејс екс“ во исто време го величаат и го осудуваат за неговиот опсесивен, често нетолерантен перфекционизам. Илон Мaск е амалгам на легендарните пронаоѓачи и индустријалци: Томас Едисон, Хенри Форд, Хауард Хјус и Стив Џобс. Но, повеќе од кој било друг, Маск ги посвети сета своја енергија и огромно богатство да измисли иднина што е исто толку богата и далекосежна како и онаа на визионерите од златната доба на научната фантастика. Оваа исклучителна биографија напишана од Ешли Венс мошне објективно успева да го долови човекот што многу често е споредуван со фамозниот Тони Старк, не дозволувајќи самиот Маск да се меша во содржината. Опфаќајќи ги неговите детски години, па сè до електричниот автомобил и ракетите, Венс проникнува во умот на најинтригантната фигура во Силициумската Долина, откривајќи детали не само за функционирањето на неговите компании туку и за неговиот личен живот. Духовитиот стил, живописното раскажување и интервјуата лично со Маск и со луѓето што биле со него во неговите најважни моменти се она што прави оваа книга да биде прочитана во еден здив.

Цена: 600 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-410-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in