Исповедите на Катерина Медичи

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The confessions of Catherine de Medici | Бр. на страни: 445 | Димензии: 23 | Корица: мека

Вистината е дека никој не e невин. Сите ние имаме гревови. Исповедите на Катерина Медичи е брилијантна новела за животот на една од најмоќните жени во историјата. За некои таа е Кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство. За други таа е посветен спасител на Француската монархија. Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи ја мажат на францускиот двор за Анри, синот на Франсоа I. Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, ја води неуморната битка против француското благородништво, кое ги влече конците на религиските конфликти, користејќи ја борбата меѓу католиците и хугенотите за да ја преземе француската круна. К.В.Гортнер ликот на Катерина го претставува преку нејзина лична нарација, внесувајќи го читателот во интимниот свет на една жена која е подготвена на сè за да го заштити престолот за нејзиното семејство. Од бајковитите замоци, сè до религиските војни и колежите по улиците на Париз, „Исповедите на Катерина Медичи“ претставува извонредно патување низ животот на најозлогласената или погрешно разбраната жена која некогаш била кралица.

Цена: 550 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Исповедите на Катерина Медичи

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-262-001-5

Questions and Answers

You are not logged in