Историја
Автор:
Елза Моранте
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
La storia |
Бр. на страни:
710 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Романот „Историја“ на Елза Моранте се вбројува меѓу највпечатливите романескни остварувања на XX век. Насловот во италијанската верзија го содржи двојството историја-приказна, така што од почетокот се препознава основната тема на книгата: сопоставеноста на макро-историјата и микро-приказната на една судбина, потребата да се долови широкото платно на Историјата со голема почетна буква и во нејзини рамки, нишката на малата, лична, толку значајна човечка приказна. „Историја“ на Моранте е роман за жртвите на историскиот вител, кои во аналите остануваат само како броеви и голи факти, зад кои, всушност, се кријат човечките судбини на оние исфрлени на маргините, оние слабите, различните, пасивните и исплашените. Осмислен како слика на животна борба на жилавата жена-мајка од моментот на зачнувањето на својот пород до мигот на неговото губење, овој роман се доживува и како своевидна парабола на тема „Мадона со дете“, парабола која на еден женски, суптилен, мајсторски расприкажан и поетски сугестивен начин алармира за потребата од хуманистички ангажман во мигот во кој се појавува (1974 година), потреба која и денес, по изминувањето на четири децении, е сѐ уште насушна и можеби уште поактуелна. „Историја“ е редок пример на поетизирана феминистичка историографија. Историјата видена од женски агол, преку перото на Елза Моранте, во својот песимизам и резигнација, носи и една силна нишка на хуманизам и надеж за негување на основните човечки инстинкти за љубов, солидарност, семејна среќа, детска игра... Овој роман има уште многу што да им каже на новите генерации, а пред сѐ, да им понуди задоволство на читателите.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.