Избрани дела
Автор:
Вилијам Блејк
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Избрани дела |
Бр. на страни:
284 |
Димензии:
135x200
|
Корица:
мека
Англискиот поет и уметник Вилијам Блејк (1757 – 1827) е автор кој за многумина и денес е загатка што треба да се одгатне, исто како што и за неговите современици бил тешко одгатлива загатка. Иако бил главно непризнат за време на својот живот, тој денес се смета за клучна фигура во историјата на поезијата и на визуелните уметности на раздобјето на романтизмот. Блејковата лирика е единствена и ненадмината, таа нема свои претходници, како што долго време немаше ни свои последователи. Требаше да помине одредено време, за во XX век вистински да се открие силината и искреноста на неговиот лиризам од Песните на невиноста и на искуството, како и да се проникне во скритите значења на неговите химнички, митотворечки и епски „пророчки“ песни и книги, меѓу кои Венчавката на Рајот и Пеколот и Четирите Зои заземаат бележито место. Неговиот потфат за мнозина може да биде донкихотски, но она што тој ни го остави во наследство е вербата во човекот, вербата во неговата имагинација и креација, вербата во неговата способност да создава – со помош на уметноста – нови и подобри светови. „Вилијам Блејк е една од неколкуте фигури што се издвојуваат на подлогата на историјата во последниве две илјади години, кој не дозволува да се затвори само во литературата.“ Чеслав Милош „Блејк го оформува книжевното соѕвездие заедно со Ниче, Браунинг и Достоевски како можеби најсјајна ѕвезда во оваа група, иако најчудна и најдалечна.“ Андре Жид „Блејк е единствениот поет кој ги гледа темпоралните нешта од гледиштето на вечноста.“ Артур Сајмонс „Само неколку извадоци од Западната поезија му се рамни нему според оригиналноста и душевно воскревачката елоквентност.“ Харолд Блум
Questions and Answers
You are not logged in