Изумот на Морел

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: La invención de Morel | Бр. на страни: 100 | Димензии: 13x20 | Корица: /

Ова ремек-дело Борхес го стави рамо до рамо со Процес на Кафка и со Свртување на завртката на Хенри Џејмс. Му се воодушевувале Хулио Кортесар и Габриел Гарсија Маркес, а им послужил како модел на Алан Ресне и на Алан Роб-Грие за еден од најпознатите француски филмови, „Минатата година во Маријенбад“, со што ја смениле историјата на филмот.Еден бегалец се крие на напуштен остров во Полинезија. Пристигнуваат туристи, и неговиот страв да не биде откриен се меша со емоциите кон една туристка. Сака да ѝ каже што чувствува, но некаков чуден феномен ги држи настрана еден од друг. Новелата на Биој Касарес е напната приказна и прекрасна несекојдневна романса, во која секој детаљ е кристално чист и длабоко мистериозен. Книгата е инспирирана од филмската ѕвезда Луис Брукс.„Совршено!“Октавио Паз
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Изумот на Морел

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-142-0

Questions and Answers

You are not logged in