Јапонскиот љубовник

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: The Japanese lover | Бр. на страни: 372 | Димензии: 20 cm | Корица: /

Приказната ја раскажува Маримуту Мами после посетатата на една новинарка, таа ни самата не била свесна дека во својата 92 годишна возраст сѐ уште ќе се сеќава на својата младост, но сеќавањата едноставно сами почнуваат да и доаѓаат за ја потсетат на целиот нејзин животен пат.

На свет доаѓа едно мало девојче во сиромашна фамилија, свештеникот ја предвидува нејзината иднина, која морам да кажам звучи неверојатно. На тоа девојче му е судено да се омажи за човек со огромно богатство меѓутоа двете злокобни планети Раху главата на змијата, и Кету нејзината опашка се наоѓаат во куќата на бракот, па поради тоа нејзиниот брак ќе биде една голема катастрофа. Но тоа не е сѐ, таа ќе биде “вознемирувана” и од други мажи, но за да се поништи негативниот ефект девојчето мора да истура млеко врз главата на змијата за да ја смири додека му се моли на богот Пулијар.

Пророштвото се остварува и девојката од Целон преку измама од страна на нејзиниот татко се мажи за Касу Маримуту кој е многу богат и таа станува господарка на огромен имот во Малаја. Парвати од овој брак има еден син Куберан на кого истиот свештеник не му предвидува убава иднина, и една посвоена ќерка Рубини, која всушност е вистинска ќерка на нејзиниот маж и танчерката во харемот. По смртта на својата вистинска мајка Рубини доаѓа во куќата на нејзиниот татко.

Јапонците ја окупираат Малаја и животот на Парвати целосно се менува преку многу настани за кои самите ќе прочитате. Таа е принудена да се реши да му биде љубовница на човекот кој ѝ е заколнат непријател, сѐ со цел за да ја поштеди својата ќерка од овој човек. Така, таа за првпат ќе доживее сексуална екстаза, ќе доживее љубов каква што посакувала, а непријателот и станува љубовник за каков што копнеела отсекогаш. А тука е и пораката дека секој крај е само нов почеток.
Рангирано 3 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(4 оценки на корисници)

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Јапонскиот љубовник

Категорија:
ИСБН: 512533719

4 оценки за Јапонскиот љубовник

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 1 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 1 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in