Јазичен триптихон
Автор:
Славе Ѓорѓо Димоски
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
64 |
Димензии:
18
|
Корица:
мека
Славе Ѓорѓо Димоски напишал интересен, експериментален, кристализиран лирско-епски дијамант. Еден вид екстракт на големите лирско-епски дела каква што е и Света песна на Анте Поповски. Од чист лиричар, тој сега се сели во просторите на епско-драмското. Сцената на светот станува негова опсесија, наместо сцената на душата. Има и овде лирски треперења, толку префинети, драгоцени и препознатливи од неговите претходни поетски лепословија. Но, има и еден поширок потег карактеристичен за епско сликарско платно. Компримиран и кристализиран.
Сјаен како зовриената плазма на јазикот. Уште едно златно камче во мозаикот на македонската поетска и духовна мапа.
Венко Андоновкси
Оценки
Сѐ уште нема оценки.