Како да станеш фриленс артист

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Како да станеш фриленс артист | Бр. на страни: 227 | Димензии: 20 | Корица: /

Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку како работа? Дали сте артист што се обидува да го заземе своето место под фриленсерското небо? Дали би сакале да го надополните вашиот живот со повеќе креативност и авантура? Дали сте подготвени за книга што е водич за личен развој, а истовремено комбинира и теми од областа на уметноста, психологијата и филозофијата, со цел да ви служи дополнително како гориво за развој и на вашата кариера? Ова е книгата што ќе биде вашиот водич на патот кон успехот! Напишана e од режисерот Кристиан Шемко, кој уморен од скитничкиот живот и од безделничењето низ светот, пред повеќе години од Австралија се досели во Македонија и реши тука да ја започне својата кариера како филмејкер, но и одново да се пронајде себеси и својот живот да го живее со поголема страст. „Како да станеш фриленс артист“ е книга наменета за сите артисти и креатори што секојдневно созреваат, творат, иновираат и го движат општеството напред. Ова е книга за сите оние што ќе решат да одат по фриленсерскиот пат – кои го одржуваат умот отворен, изнаоѓаат волја за креирање нови нешта и ја потхрануваат желбата за постојано надградување.

Цена: 450 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Како да станеш фриленс артист

Категорија:
ИСБН: 978-608-4850-72-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Како да станеш фриленс артист”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in