Кардиоваскуларни решенија
Автор:
Жан Митрев
Издавач:
Жан Митрев |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Кардиоваскуларни решенија |
Бр. на страни:
224 |
Димензии:
21x30
|
Корица:
/
Кардиоваскуларните болести се најчеста причина за тешки животни компликации, инвалидитет и смрт за огромен број на луѓе. Поради специфичностите на болеста, разните кардиоваскуларни состојби се тешко сфатливи за многу медицински профили. За пациентите и нивните најблиски пак тоа претставува загадочна енигма и тешко можат да ја разберат суштината на проблемот, но и јасната насока во неговото можно решавање.
Преку многу слики, а со малку придружен и едноставен текст, преку јасно опишани случаи на одредени медицински состојби, во книгата јасно се дадени и можните решенија.
Токму поради овој пристап целта на авторот е да ја демистифицира комплексоста на кардиоваскуларните болести, како и сложеноста на нивното можно правилно и ефикасно решавање. Преку начинот на кој е претставен секој медицински проблем и неговиот третман книгата претставува идеално показно средство за објаснување и на најсложените состојби на најширокиот круг на читатели.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.