Карла Бруни и Никола Саркози: вистинска приказна

Издавач: Попули | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Nicolas Sarkozy and Carla Bruni: The True Story | Бр. на страни: 192 | Димензии: 145x205 | Корица: /

Свежо разведен од својата втора жена, и покрај својата презафатеност, во ноември 2007 година францускиот претседател Никола Саркози се сложува да оди на вечерна забава приготвена од еден негов пријател; таму ја запознава Карла Бруни, супермодел, музичар, поранешен партнер на грандиозни фигури од интелектуалниот и од светот на џет-сетот: Рафаел Ентовен, Мик Џегер, Леос Каракс, Шарл Берлен, Ерик Клептон. Привлечноста е мигновна и обострана: Бруни сака маж со „нуклеарна моќ“, а Саркози не може да одолее на вниманието на една убава, славна и интелигентна жена. Во рок од неколку месеци, венчавката станува неизбежност.

Валери Бенаим и Ив Азеруал, преку ексклузивни интервјуа со Карла Бруни, успеваат да сложат една читлива и интересна приказна за она што се случувало зад завесите: поранешните љубовници на најпознатата француска двојка, нивното запознавање, текот на врската. И секако: реакциите на француската јавност, која, и покрај својата либералност, не можела да биде подготвена за втора дама со наводна репутација на нимфоманка и со импресивна листа на поранешни љубовници. 

Ив Азеруал е автор на познатата книга Митеран, Израл и Евреите, авторитативна студија за француската стратегија и историски ангажман на Средниот Исток, како и на За верата и републиката. Уредник е на La Tribune Juive, весникот на француската еврејска заедница.

Валери Бенаим е една од најпознатите водителки на францускиот ТВ-канал TF1 и е коавторка и на историскиот роман Ружата на Сталинград.

Цена: 300 ден

500 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Карла Бруни и Никола Саркози: вистинска приказна

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-950-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Карла Бруни и Никола Саркози: вистинска приказна”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in