Клиничка неврологија
Клиничка неврологија претставува сеопфатен преглед на основите од таа област, користејќи пристап базиран на симптоми. Пристапот во оваа книга се разликува од останатите книги по нејзината насоченост кон симптомите во неврологијата. Основните концепти се прикажани во една рамка од проблеми вклопени во клиничката основа, со што се добива поголема релевантност во секојдневната практика. На секоја страна е испишано соодветното поглавје со што се олеснува брзото наоѓање на бараниот наслов. Сите протоколи што се опишани се во согласност со најновите препораки. Детално се опишани молекуларната биологија, генетиката и невролошкиот преглед. Низ целата книга има распоредено преку двесте табели и фотографии во кој се содржани клучните информации. Роџер П.Симон е раководител на Катедрата за неврологија и директор на Истражувачкиот центар за невробиологија при Универзитетот во Портланд. Дејвид А.Гринберг е професор и потпретседател на Институтот за специјални истражувачки програми „Бук“ во Новато. Мајкл Ј.Аминоф е професор и заменик раководител на одделот за неврологија во медицинското училиште при Универзитетот во Сан Франциско. Авторите успеале да направат клинички релевантна книга, но, сепак, да се погрижат и нејзиното читање да биде вистинско уживање. Ниту една друга книга не може повеќе да помогне за полесно разбирање на врската меѓу основата на невролошката наука и моменталните трендови во дијагностицирањето и лекувањето на невролошките заболувања. За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 оценка за Клиничка неврологија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –