Клучните концепти во кинеската традиционална медицина, т. 1
Автор:
/
,
Ли Џаогуо, Ву Ќинг, Синг Јуруи
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Key Concepts in CTM 1 |
Бр. на страни:
158 |
Димензии:
200 х 140
|
Корица:
мека
Сеопфатен преглед на терминологијата во кинеската традиционална медицина. Дефинирани се и објаснети најзначајните концепти во кинеската традиционална медицина. Основните термини се однесуваат на мислата и културата на кинеската традиционална медицина, главно поврзана со есенцијата, ќи, теоријата на јин и јанг, петте елементи, висцералното манифестирање, меридијаните, етиологијата, патогенезата и терапевтските принципи и методи.
Денес кинеската традиционална медицина е најсеопфатниот и најшироко користениот традиционален медицински систем во светот, со најдолга историја, најширока култура, најпрепознатливи ефекти и најбрз развој.
Кинеска традиционална медицина, е класичен медицински систем со кинески карактеристики кои се непосредно интегрирани со астрономијата, географијата и хуманистичките науки. Според традиционалната кинеска култура, класична филозофија и хуманистичка мисла, кинеската традиционална медицина, во комбинација со различните филозофски школи и нивните претставници во периодот од времето пред династијата Ќин, па сè до првите години од династијата Хан, како и теориите и практиките на природните и општествените науки, го сочинува уникатниот теоретски систем, начин на мислење, како и методите на дијагноза и третман.
Како што пишува во предговорот, кинеската традиционална медицина многу ја почитува хармоничната коегзистенција на човекот и природата. Го истакнува трајното културно наследство, се залага за хармоничен развој меѓу човекот и општеството и отвора широки перспективи за развој на локалната медицина, за културна дисеминација и за напредок на човековата цивилизација. „Кинеската традиционална медицина во Кина е репрезентативна одлика на кинеската цивилизација“, која „предизвикува позитивно влијание на напредокот на човечката цивилизација“, „претставува комбинација од природни и хуманистички науки“ и „ги опфаќа длабоките филозофски идеи на кинескиот народ.“
Кинеската традиционална медицина е сеопфатeн и широко користен традиционален медицински систем во светот, со долга историја. Се карактеризира со длабока култура, препознатливи ефекти и брз развој. Уште во периодот пред династијата Ќин, кинеската традиционална медицина постепено била воведувана во соседните региони, како што е Корејскиот Полуостров. За време на династиите Хан и Танг, била однесена во Јапонија и во југоисточна Азија. По 18 век, таа била воведена во Европа, а во средината на 19 век била нашироко распространета. По 70-тите години на 20 век, кинеската традиционална медицина брзо се прошири низ целиот свет, заедно со успехот на акупунктурната анестезија.
Првиот том содржи 111 најважни концепти во традиционалната кинеска медицина и култура.
Questions and Answers
You are not logged in