Книжевна конференција

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: El congreso de literatura / César Aira | Бр. на страни: 136 | Димензии: 11×18 cm | Корица: мека

Краткиот роман „Книжевна конференција“ е објавен во 1997 година и претставува спој на клучните елементи кои се во фокусот на творештвото на Сесар Аира: магичниот реализам, фантастиката, книжевната пародија, интертекстуалноста и (авто)иронијата. Сесар, главниот лик во романот, истовремено е писател, преведувач, генијален научник и специјалист за клонирање. Неговата генијалност ја опишува првата епизода од романот, напишана во манир на јужноамериканскиот магичен реализам, во која Сесар решава една неверојатна легендарна загатка и стекнува огромно богатство. Втората епизода од романот жанровски прескокнува во областа на научната фантастика кога Сесар решава да загосподари со светот така што ќе клонира еден славен мексикански писател.

Лесното движење меѓу жанровите, преплетувањето на приказните, инвентивноста во постапките на раскажувањето и луцидноста на суптилниот хумор, кои се забележуваат во „Книжевна конференција“, несомнено потврдуваат зошто Аира важи за еден од најинтригантните и најиновативните современи автори.

Цена: 230 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Книжевна конференција

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4852-59-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Книжевна конференција”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in