Кој го уби Слободан Милошевиќ… и зошто?

Издавач: Мартина | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Het Joegoslavie tribunaal : de vermoodde onscuhld van Slobodan Milosevic - wie vermoode Milosevic en ... waarum? | Бр. на страни: 255 | Димензии: 21x14 см | Корица: мека

Во деведесетите години од минатиот светот беше очевидец на долгогодишната криза во Југославија и на ужасната граѓанска војна во Хрватска, во Босна и Херцеговина и на Косово. Официјално се тврдеше дека Југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ сонува за Голема Србија и дека тој и српскиот народ се одговорни за војната на Балканот. Милошевиќ е претставен како екстремен националист, чија идеологија почива – како во антисемитските нацистички тиради – на омразата и на презирот кон се што не е српско во Југославија. Слободан Милошевиќ ја доби титулата балкански касап. Во медиумите кружеа потресни слики од концентрациони логори, од масовни убиства и приказни за геноцид, за силувања и за етничко чистење. Светските медиуми јавно ги прогласија Србите за нацисти. Јавното мислење, на тој начин, беше убедено во неопходноста од спречување на хуманитарна катастрофа и во неизбежноста од мировна интервенција на НАТО. По НАТО интервенцијата, на 29 јуни 2001 година Слободан Милошевиќ предаден му е на Меѓународниот трибунал за бивша Југославија во Хаг. Хашкиот процес заврши со неговата смрт. Сега на историчарите им останува да донесат суд за поранешниот претседател и за вистинските причини за војните на Балканот. Со непристрасна анализа на вистинската заднина на овие војни, оваа книга придонесува за таа цел. Голем број историски факти и податоци во оваа книга не се согласуваат со сликата што многумина ја имаат за Слободан Милошевиќ. Оваа книга е напишана во име на вистината. Нејзина цел е читателите да стекнат сериозен увид во она што навистина се случи во Југоскавија. Податоците потекнуваат од најсигурни извори. Читајќи ја книгата, читателот станува поротник, кој, на основа на факти, а не на претпоставки, ќе биде во состојба самиот да го разоткрие вистинскиот тек на случувањата на Балканот и да донесе сопствени заклучоци. Вистината е како и маслото, таа излегува на површината на водата!
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците

Цена: 450 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Кој го уби Слободан Милошевиќ… и зошто?

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-29-9

Questions and Answers

You are not logged in