Коцкар
Автор:
Фјодор М. Достоевски
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
144 |
Димензии:
125X200
|
Корица:
мека
Коцкањето и страста по рулетот биле многу повеќе од обична тема и инспирација за пишување за Достоевски – тој и самиот бил нивен зависник. Додека го пишувал Коцкар, бил под притисок да ги исплати своите коцкарски долгови. Можеби и затоа се олицетворува во главниот лик Алексеј Иванович, млад учител кај еден осиромашен руски генерал кој го прокоцкува своето наследство. Кога ќе дознае дека девојката за која е готов да го даде животот навистина го сака, тој нема сили да ја исчисти душата од својот порок и да ја отвори за нов живот со неа. Сфаќа дека згрешил, дека можел да има љубов, но толку е обземен од страста за ризик и за играње со животот, од страста да ужива во мигот кога повторно ќе добие што за него веќе не постои друга реалност. Длабоко во себе, тој знае дека греши и дека губи сѐ, но верува дека може повторно да застане на нозе, да воскресне, меѓутоа откако ќе добие – само уште еднаш...
1 оценка за Коцкар
Questions and Answers
You are not logged in
Filip Iliev (верификуван корисник) –