Креолизација на Европа: книжевност и миграција
Книгата Креолизација на Европа: книжевност и миграција од истакнатиот книжевен критичар и професор по компаративна книжевност, Армандо Њиши, е составена од четири есеи во кои авторот ги анализира новите феномени во европската литература пишувана од доселеници.
Њиши нуди ново согледување на компаративниот метод во проучувањето на литературата, го разгледува статусот на емигрантот во современото општество и го дефинира терминот креолизација од деколонијалистичка гледна точка.
Оваа силна компаратистичка студија може да се чита и како еден вид интелектуален бунт против европоцентризмот, желба да се создаде платформа за дијалог меѓу мноштвото книжевни гласови во светот и нивните дискурси. Во сите есеи тонот на Њиши е полемичен, отворен, интелектуално контроверзен и поради тоа бара целосна ангажираност и активно учество на читателот при средбата со текстот.
Книгата е особено интересна од аспект на новата интелектуална карта на Европа и новата книжевност, која дефинитивно ја менува перцепцијата за тоа што претставува национална, а што книжевност која ги надминува границите на јазикот и географските граници во кои таа е создавана.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.