Лекување со Шопенхауер

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: The Schopenhauer cure | Бр. на страни: 386 | Димензии: 140 x 205 | Корица: /

Лекување со Шопенхауер е романизирана слика за групна терапија, внатрешен поглед врз членовите на една група и врз начинот на кој вештиот психоаналитичар ги води и ги охрабрува да не западнат во апатија и да не пропаднат. Некои делови од книгата се читаат како психотерапевтска верзија на Платоновата Гозба, каде што динамичноста им овозможува на јунаците да ги откријат своите внатрешни гласови кои, во спротивно, би им останале наполно непознати.Главниот јунак, еминентниот психотерапевт Xулиус Херцфелд, кому му е останата само уште една година од животот, во таа своја последна година, со неделните сеанси со пациентите, го пишува својот тестамент.Суштинска вредност на тие терапии, а со самото тоа и на целата книга, претставува присуството на еден пациент на Херцфелд од минатото, кому тогаш не успеал да му помогне, Филип Слејт, самопризнаен сексуален зависник, кој утехата и терапијата за својата зависност ги нашол во философијата на Артур Шопенхауер. Слејт не го проповеда Шопенхауер, туку го живее, или барем се обидува да го прави тоа. Доаѓањето на терапевтските сеанси на една од неговите поранешни жртви, го доведува до одлуката да ја стави на тест својата животна философија. Кога сите пациенти се соочуваат со скриените делови од своето минато, поттикнат од Филип, се соочува и самиот доктор Xулиус.
Рангирано 5 од 5 според 3 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Лекување со Шопенхауер

Категорија:
ИСБН: 9786082300290

3 оценки за Лекување со Шопенхауер

  1. Rated 5 out of 5

    Silvana Mojsovska (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Aleksandar Dimeski (верификуван корисник)

    edna od knigite sto me natera povtorno da ja proceslam mojata profesionalnost .

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in