ЛЕЖИ ВО КАЛЕТО НА БУРСА
едно општество во секој период можат да се јават мно-
гу нови поети, но многу ретко се јавуваат поети кои донесуваат
вистинска новина. Назим Хикмет со својата природна дарба вне-
се новина во турската поезија. А оваа новина ја прифатија многу
поети. Ова го забележаа поетите и преведувачите кои работеа и
живееја во различни земји и тие за да ја презентираат поезијата
и поетската естетика на Назим Хикмет на своите читатели го пре-
ведуваа на различни јазици. Според Дитрих Гронау „Тоа што го
направи Ататурк за општеството, тоа го направи Назим Хикмет за
турскиот јазик: ослободување од тврдите османлиски правила и
нивно надминување со една модерна флексибилност.“ Назим Хи-
кмет со својата оригинална поетска нарација и израз со музикал-
ност и ритам, со нова структура и теми отвори нов пат на турската
поезија. Многу писатели восхитени од неговата поезија скришно
го читаа и инспирирани од неговите песни почнаа да го примену-
ваат слободниот стих.
Иако неговата поезија и поетика доживуваше контрадиктор-
ни критики, од најнегативни до најпозитивни, поетот не се откажа
од својот творечки пат. Дури може да се каже дека поезијата му
беше вечно верна друшка која не дозволуваше духот да му се скр-
ши и во најкритичните мигови од неговиот живот. Поезијата исто
така беше и негов најдобар другар и собеседник во неговата само-
тија во затворските келии со години. Таа беше нишката преку која
комуницираше со природата, животот, луѓето. Токму таа поезија
напишана во затворските келии толку далеку од животот, најмногу
зрачи со живот.
Поетот со своите лирски песни кои го надминаа своето време
стана универзален. Овие песни кои се карактеризираат со силен
емотивен набој, излив на чувства од најразличен интензитет и го-
лема искреност, ни дозволуваат да навлеземе во поетовиот емо-
тивен, духовен, душевен и мисловен свет и да пронајдеме автоби-
ографски елементи. Читателот додека ги чита лирските песни на
поетот, всушност го чита неговиот живот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.