Литературна раскрсница

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2006
Оригинален наслов: Литературна раскрсница : огледи и критики за автори и дела од струшкиот регион | Бр. на страни: 300 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Книгата е наградена со државната награда „Гоце Делчев“ (2007). Содржи огледи и критики за автори и дела од струшкиот регион, го прикажува проф. д-р Науме Радически во целосна светлина и како истражувач, и како аналитичар и критичари, и како есеист, кој задлабочено се внесува во културолошките истражувања и одговара на прашањата за елементите на поврзаноста меѓу подвигот на браќата Миладиновци и нивниот потесен географски и културен простор, правејќи пресек од околу 150 години од Миладиновци до Крсте Чачански. Имено, токму во оваа книга се анализирани, преоткриени и реафирмирани најзначајните творци од Струга и Струшко кои имаат исклучително значајно и високо место во севкупната македонска книжевност и култура. Тоа се Димитрија Миладинов, Константин Миладинов, Војдан Чернодрински, Арсени Јовков, Анѓелко Крстиќ, Ристо Крле, Владо Малевски, Јован Стрезовски, Јован Котески и Крсте Чачански.

Цена: 200 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Литературна раскрсница

Категорија:
ИСБН: 9989-163-21-9

Questions and Answers

You are not logged in