Македонија и Балканот: либерален поглед на национализмот и идентитетите

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 320 | Димензии: 20 | Корица: мека

„Македонија и Балканот“ претставува плод на шестгодишно истражување за влијанието на национализмот, идентитетите и културата во односите помеѓу балканските држави. Книгата има цел на читателот да му овозможи нов поглед врз перцепцијата на македонскиот идентитет, отворајќи нови видувања за тоа како идентитетот на нацијата не е (нужно) поврзан со државата и со државноста, односно како тој не смее да ја измести државата како основен субјект на меѓународното право.

Благој Цонев има докторирано меѓународни односи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и е доцент по политички науки и меѓународни односи на МИТ Универзитет Скопје. Неговата докторска дисертација „Националниот идентитет и односите на Република Македонија со соседните држави“ ја дава основата и на неговата книга „Македонија и Балканот: Либерален поглед на национализмот и идентитетите“.

Авторот има објавено десетина научни трудови во кои се обработува тематиката за национализмот и неговото влијание на односите помеѓу балканските држави.

Цена: 500 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Македонија и Балканот: либерален поглед на национализмот и идентитетите

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-037-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Македонија и Балканот: либерален поглед на национализмот и идентитетите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in