МАКЕДОНИЈА – живот и предели
Автор:
Група автори /
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
MAZEDONIEN Leben und Sestalteiner Landschaft / ETHNOGRAPHIE VON MAKEDONIEN Geschichtlich-nationaler |
Бр. на страни:
267 |
Димензии:
240х170
|
Корица:
мека
Оваа книга содржи текстови за Македонија од германски автори кои неа ја истражувале за време на Првата светска војна или по разни поводи потоа пишувале за Македонија. Трудовите се однесуваат на Македонија и на нејзиното население, обичаите, етнографијата, земјата, историјата... Во овој зборник, меѓу другото, делумно е објавена „Етнографија на Македонија“ (1924) на Густав Вајганд (1860-1930, раководител на Македонската земска комисија) и дел од зборникот „Македонија – животот и сликата на пределот“, подготвен од Херберт Ертел, а од кој, освен негов текст, преземени се текстови на Герхард Геземан, Јозеф Берге, Јозеф Мерц, Алојз Шмаус и Ханс Ерке. Овде се објавени и 137 фотографии од германски војници или истражувачи, снимени во Македонија за време на Правата светска војна и во периодот меѓу двете светски војни.
Questions and Answers
You are not logged in