Македоника 16

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Македоника | Бр. на страни: 104 | Димензии: 240х170 | Корица: /

Во овој број е објавен и еден од последните трудови на Зоран Тодоровски – „Мечтите на Тодор Александров за автономна, независна и обединета Македонија“. Вера Гошева пишува за улогата на советскиот фактор за постигнување единствен македонски револуционерен фронт во 1923-1924 година, а Томе Груевски за македонскиот деец Коста Шахов, како основоположник на македонската журналистика. Од Драган Ѓалевски е објавена статија за воената вештина на комитопулите, односно владетелите на Самоиловата држава, а од Драган Зајковски статија со нови согледувања околу лоцирањето на епископијата на свети Климент Охридски. Владимир Јанев пишува за проучувањето на холокаустот во Македонија, а Александар Симоновски за народноослободителните одбори во Прилепско во 1944 година.

Во овој број е објавен поезија со родољубиви мотиви од поетската оставина на Науме Радически, а се објавени и два осврта за македонистички трудови: Венко Андоновски пишува за студија на Ранко Младеновски за Александар Македонски и македонската книжевност, Вера Стојчевска Антиќ за монографски труд за Трајко Китанчев на Валентина Миронска Христовска.

На крајот е објавен и библиографски труд на Соња Стрезоска Велјаноска за странските автори кои пишувале за Александар Македонски.

Цена: 150 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Македоника 16


ИСБН: ISSN 1857-7539

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Македоника 16”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in