Македоника бр. 3-4
Автор:
/
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Македоника бр. 3-4 |
Бр. на страни:
148 |
Димензии:
240х165
|
Корица:
мека
Во двобројот 3-4 се објавени статии од Стефан Мицов Влахов, Горан Калоѓера (Хрватска), Мирослав Коуба (Чешка), Волф Ошлис (Германија), Ангелина Бановиќ – Марковска, Танас Вражиновски, Катерина Мирчевска, Павле Раковски, Науме Радически, Љубица Јанчева, Катерина Тодоровска, Невен Радически, Стево Павловски и Олга Панкина. Објавените текстови се однесуваат на македонската еманципација кај Филип Втори и Александар Македонски; невклучувањето на македонската книжевност во "Југословенска книжевност" на Антун Барац во 1954 година; односот на Рајко Жинзифов спрема Полјаците; мемоарската литература на германските војници како македонистички извори; националниот идентитет и македонската интелигенција во почетокот на 20 век; Јозеф Обрембски – истражувач на македонската народна култура; положбата на бегалците од егејскиот дел на Македонија; "Македонија екумена" на Сретен Перовиќ како ода на македонскиот национален идентитет; религијата и државата; Крсте Црвенковски, ЈНА и македонските национални интереси; балканските стереотипи во македонската драматургија..., а се објавени и германски и македонски документи за Македонија. И во овој број е објавена рубриката со библиографски описи на петнаесетина изданија посветени на македонски теми.
Questions and Answers
You are not logged in