Македонски погледи (Sguardi macedoni, Miradas macedonias, Macedonian glances)
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Македонски погледи (Sguardi macedoni, Miradas macedonias, Macedonian glances) |
Бр. на страни:
196 |
Димензии:
24цм
|
Корица:
мека
БЕЛЕШКА ОД АВТОРИТЕ ЕРНЕСТО ЕРЕДЕРО ДЕЛ КАМПО И МАРИО ДЕ РОЗА:
Ова дело е плод на нашата средба, двајца колеги дипломати што се запознаа пред една година и развија многу искрено и богато пријателство. Покрај љубовта кон поезијата и кон оваа прекрасна Држава што нѐ зближи, исто така споделуваме заемна љубов кон своите земји и јазици (еднаш еден рече дека никогаш две земји не се сакале и се восхитувале повеќе од Шпанија и Италија). Од овие заеднички афинитети се роди интензивен дијалог во стихови: одвреме навреме споделувавме нови поеми на избрани теми, кои потоа самите ги преведувавме на својот мајчин јазик.
Покрај бројните аргументи со кои се соочивме во овие стихови, а кои опфаќаат теми од љубовта, па до смислата на животот, од просторот па до природата на времето, овој процес придонесе за еден многу плоден и сеопфатен разговор за различните форми на поетскиот јазик и за разликите што постојат меѓу бројните јазици (италијански, шпански, македонски и англиски) во нивните начини на доловување на реалноста и изразување на реалната ширина на човечкото искуство.
Ако еден од нас би презентирал поконкретен стил, со посебно внимание на волуменот и ритамот, другиот би покажал повеќе метафизички став, користејќи лирика за да се обиде да ја долови тапата суштина на секојдневниот живот. Навистина, како што одминуваше процесот на превод, се затекнавме себеси, како дел од својот стил го ставаме во раката на другиот, создавајќи – заеднички – нов начин на пишување стихови.
Освен тоа, одлучивме различни автори и пријатели да ги преведуваат нашите стихови на македонски јазик, со цел уште повеќе да се збогати стилскиот израз, затоа што ако истата пeсна може да звучи (и да биде) различна на два јазика, тоа би било дотолку повистинито ако преведувачите се со различен профил, потекло и стил на израз. Резултатот е сосема нова креација, енергичен спој на свежа инспирација, контемплација, филозофија и конкретност.
Последно, но не и најмалку важно, оваа мала поетска збирка ја конципиравме со гордост за да биде – во извесна смисла – плод на оваа држава: овој обид не би се остварил без културното богатство со кое се обдарени оваа земја и овој народ. Се надеваме дека нашите читатели ќе уживаат читајќи ги овие стихови, барем исто толку, колку што ние уживавме во нивното создавање.
Questions and Answers
You are not logged in