Македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник“

Издавач: Александар Стеванов | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник“ | Бр. на страни: 72 | Димензии: / | Корица: мека

Во книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски ’Дневник‘“, како што впрочем открива самиот нејзин наслов, се опфатени стриповите на македонски автори објавени во мегапопуларните изданија на издавачкиот гигант „Дневник“ од Нови Сад, а воедно проанализирано е и културолошкото влијание кое што тие го имаат во Македонија и тоа долги години по нивното згаснување. Оваа монографската публикација, на авторите Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев, е составена од две главни целини, односно поглавја, во кои се пренесени стотици цитати дел од кои ексклузивно земени, а за полесна навигација содржи и индекс. Освен историјатот и фактографијата на објавените стрипови, истите преку 10 рецензии детално се разработени од визуелен и драматуршки аспект, а претставени се и насловните страници на повеќето од нив, како и некои од најрепрезентативните во нив цртежи. Книгите посветени на македонската стрип-историја се неверојатно малку на број и во последниве речиси триесет години се објавени само две такви. Меѓу другото, токму затоа оваа публикација која изнесува на виделина некои досега непознати настани од македонското стриповско минато, претставува храбар чекор во насока кон надминување на таа ситуација и подигање барем за едно скалило повисоко на општествениот статус кој го има стрип-уметноста во Македонија.

Цена: 180 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник“


ИСБН: 978-608-66190-0-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник“”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in