Мал книжевен тестамент

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2007
Оригинален наслов: Мал книжевен тестамент | Бр. на страни: 261 | Димензии: 200х140 | Корица: /

„Мал книжевен тестамент“ претставува избор од текстови настанати во периодот од 2001 до 2006 година како резултат на интензивно критичко-есеистичко интересирање и проучување на македонската литература од авторката. Најголем број од текстовите се студии подготвени за значајни научни собири и симпозиуми во Република Македонија и во странство. Во оваа книга Мојсова - Чепишевска подеднакво се интересира и за прашања за кои веќе доста е пишувано, но за кои се покажува дека никогаш не е доволно пишувано како на пример за предговорот кон Зборникот на Миладиновци, или за култната книга „За македонцките работи“, или за Конески, како и за првиот роман на македонски јазик. Пишува и за дела од  најновата македонска литература (Маџунков, Андоновски, Михајловски, Ќорвезировска, раскажувачот Ренџов, Османли, Ж. Кујунџиски). Книгата е конципирана во четири поглавја - првиот дел ѝ го посветува на книжевно-историската наука, вториот е во знакот на македонската драма (битовата и современата, и  модерната и постмодерната), а во третиот и четвртиот дел авторката му се посветува на современиот македонски прозен дискурс.

Цена: 100 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Мал книжевен тестамент

Категорија:
ИСБН: 978-9989-163-35-9

Questions and Answers

You are not logged in