Малиот демон
Автор:
Фјодор Кузмич Сологуб
Издавач:
Мартина |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Мелкий бес |
Бр. на страни:
294 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Овој роман претставува едно од најчитаните дела од залезот на рускиот симболизам. Иако кога првпат бил публикуван (1905 г.) романот подлежел на цензура и измени, сега веќе читателот може да се запознае со неговата најсурова форма. Фјодор Кузмич Сологуб успеал во секое поглавје, на уникатен начин, да проткае општествена сатира, мистика, еротика и доза садомазохизам што има автобиографски карактер.
Преку овој роман ќе проникнете длабоко во психата на авторот, кој преку сцените, пејсажите, говорот, постапките и расположението на ликовите опишува една општо угнетувачка психолошка атмосфера. Овој роман не поттикнува да се запрашаме за моралните и етичките норми, за нивниот ефект врз општеството, предизвикан од погрешната интерпретација од страна на разни припадници на различни општествени слоеви. Иако пишуван во почетокот на минатиот век, во „Малиот демон“ ќе ги препознаете и симптомите на денешното општество.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.