Математика на модерен инженеринг

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Modern engineering mathematics | Бр. на страни: 1133 | Димензии: 170x240 | Корица: мека

Математиката игра важна улога во нашите животи. Се користи во секојдневните активности, од купувањето храна, па сé до организирање распоред за авиолетови. Математиката е еден од најважните фактори за формирање на модерниот свет каков што го гледаме денес. Таа постојано се развива и наоѓа нови примени, особено во инженерството и во технологијата. Материјалот во ова издание е напишан да соодветствува на основните студии по математика за инжинерските диспциплини. Иако е првенствено наменета за инженерите, книгата може да ја користат и студентите по физика и по применета математика.
Авторот Глин Џејмс (пензиониран во 2001 година како декан на Факултетот за математика и за информатички науки при Универзитетот „Ковентри“, САД) има за цел да создаде баланс меѓу развојот и владеењето на техниките за решавање на инженерските проблеми. Дадени се околу 500 сработени примери од најразлични инженерски области. Секое поглавје содржи математички модели како дел од апликациите што се применуваат во инженерството. Сето ова е поткрепено со повеќе од 1.200 вежби што имаат за цел да ги развиваат вештините за математичко моделирање. Во разработувањето на аналитичките методи се интегрирани и нумеричките методи како многу важен елемент при решавањето на комплексните инженерски проблеми. Иако може да се употреби кој било софтвер, авторот, сепак, ги препорачува софтверските пакети MATLAB и MAPLE. Има соодветни ознаки во секое поглавје дали употребата на овие пакети е неопходна или само препорачлива. За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Математика на модерен инженеринг

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-13-3

1 оценка за Математика на модерен инженеринг

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in