Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 368 | Димензии: 210x278 | Корица: мека

  „Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата, Второто издание“ на оваа иновативна книга продолжува да ги води студентите кон подобро сфаќање на менаџментот на човечки ресурси во спортот и рекреацијата.   „Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата, Второ издание“ на идните практичари им нуди солидни информации за истражувањето и примената на менаџментот на човечките ресурси за успех во спортската индустрија.   Со повеќе од 30 години искуство во менаџментот со човечки ресурси, д-р Пакианатан Челадурај нуди разбирање на динамиката на човечките ресурси и менаџментот, но во фокус става три различни групи луѓе од кои се состојат човечките ресурси во спортските и во рекреативните организации: платените професионални работници, волонтерите и клиентите. Д-р Челадурај се обидува да ги спои менаџерските процеси со поединечните разлики меѓу овие три групи.   „Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата, Второ издание“ ги спојува полињата на менаџментот на човечки ресурси и на спортската индустрија во лесно четиво. Ажурираните упатувања, примери и студии ги прикажуваат зголемениот пораст, интересот и сложеноста на менаџментот на човечките ресурси во спортот од изминативе години. Ова ново издание става акцент на менаџерските компетенции, стратегиската важност на менаџментот на човечки ресурси и импликациите од организациската правда. Исто така, во него има и ново поглавје за внатрешниот маркетинг, идеја што досега не била соодветно дискутирана во спортски контекст, но го заслужува вниманието, бидејќи спортските и рекреативните организации сè подобро ја сфаќаат важноста на менаџментот на човечки ресурси. Ова ново поглавје детално го објаснува потенцијалното влијание што може да го има внатрешниот маркетинг и ги прикажува неговите употреби.   „Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата, Второ издание“ ќе ги насочи студентите да ги сфатат клучните идеи во областа на човечките ресурси во спортот и рекреацијата. Со тоа, ќе ги подготви за кариера во оваа индустрија.  

Цена: 1290 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-818-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in