Михаел Шумахер: Врвот на величественоста

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: The Edge of Greatness | Бр. на страни: 360 | Димензии: 145х205 | Корица: мека

Можете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Ф1-шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди на најбрзиот спорт.
Во „Врвот на величественоста“, Џејмс Ален, некогашниот коментатор за Формула 1 на ITV и актуелен кореспондент за BBC News F1 и BBC Radio 5 Live, во ексклузивна соработка со најблиските соработници на Шумахер, ни ја открива двојната историја на создавањето на оваа легенда: онаа за благодарниот и хуман татко и пријател и онаа за екстра-талентираниот, препреден и суров шампион.
Книгава е дополнета со разговор со авторот Џејмс Ален, направен специјално за ова издание и првпат објавен овде, на македонски јазик. Во моментот на печатење, македонското издание е најосовременетата биографија за Михаел Шумахер на кој и да е светски јазик.

Цена: 300 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Михаел Шумахер: Врвот на величественоста

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-952-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Михаел Шумахер: Врвот на величественоста”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in